Авион на компанијата „Ер Монтенегро“ бил итно приземјен во Белград, откако се судрил со јато птици. Авионот тргнал од српскиот главен град до Подгорица, но набрзо по полетувањето имал инцидент, по што морал да се врати назад во главниот град.
„Како резултат на овој настан, летот беше одложен. Авионот е подложен на техничка проверка, со цел да се обезбеди максимална безбедност“, беше потврдено од компанијата.
TV21