„Јас морам да кажам дека не можам да гарантирам дека ќе има уставни измени бидејќи не сум апсолутен монарх и не можам да ја суспендирам парламентарната демократија“, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова при посетата на Црна Гора
Претседателката на Република Северна Макеоднија, Гордана Сиљановска Давкова, во четвртокот во Цетиње со највисоки државни и воени почести беше пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, известува Анадолу.
Двајцата претседатели одржа тет-а-тет средба, ја предводеа пленарната состанок на делегациите на двете држави и заедничка прес-конференција на претседателите.
На прес-конференцијата претседателката Сиљановска Давкова за посетата на Црна Гора рече дека тоа е логичен настан бидејќи Црна Гора во моментов е предводникот на реунификацијата или реинтеграцијата на регионот онаму каде што му е вистинското место – во Европската Унија. Таа истакна дека регионот географски, историски и културно секогаш бил дел од ЕУ.
Претседателката Сиљановска Давкова на прес-конференцијата зборуваше и за уставните измени за кои, како што спомена, многу се зборува и напомена дека нема никаков проблем во преамбулата на Уставот на Северна Македонија да се внесат и Црногорците, со кои повеќе од 50 години биле заедно во добро и во зло. Таа напомена дека и покрај голем број lose-win состојби на Северна Македонија, меѓу кои дури и земјата го смени името, Северна Македонија повторно се соочува со ново барање на Европската Унија со посегнување по нови уставни измени.
Според претседателката Сиљановска Давкова, земјата се соочува со соломонско решение кое треба да доведе до win-win ситуација, кое се гледа во одложеното дејство на уставните измени, или vacatio legis – одложно дејство. Според неа причината е логична – секогаш кога Северна Македонија ќе ги заврши преговорите со ЕУ и кога ќе започне и ќе го заврши процесот на ратификација, редовно се посегнува по уставни измени. Тогаш, логично на ова, според неа, и уставната измена треба да стапи во сила тогаш, а не сега, бидејќи според неа, Северна Македонија е рекордер во уставните измени, бидејќи, као што наведе, за триесетина години направени се дури 36 уставни измени, најчесто иницирани однадвор, а не одвнатре.
Претседателката Сиљановска Давкова изјави дека нејзиниот легитимитет и легитимитетот на владата извира од граѓаните, дека тој не извира однадвор, ниту од Европската Унија.
„Јас морам да кажам дека не можам да гарантирам дека ќе има уставни измени бидејќи не сум апсолутен монарх и не можам да ја суспендирам парламентарната демократија. Според секој Устав, па и според нашиот, пратениците во системот на поделбата на власта ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено уверување. Во спротивно, фрустрацијата ќе биде многу голема и сакам да предупредам дека ова што се случува со нас нема да биде единствен преседан. Држете ме за збор, Балканот не е Скандинавија. Латвија, Литванија и Естонија станаа најбрзо членки, поддржувани од Финска, Норвешка и Данска. Кај нас не е така. Слично со Данска, можеби Хамлет шета по овие простори. Значи затоа јас велам дека, да не правиме преседани бидејќи билатерализацијата на преговорите ќе го одложи проширувањето на ЕУ“, истакна Сиљановска Давкова.
Претседателката на Северна Македонија рече дека Европската Унија сега има стратегија за Западен Балкан, што не било случај во 2003-та година, односно на Солунскиот самит.
За Обединетите нации претседателката Сиљановска Давкова истакна:
„Крајно време е за длабоки реформи, па можеби и за жена генерален секретар на Обединетите Нации, зошто за жал војните најмногу ги погодуваат жените и децата. Мора да ставиме крај на сликите што потсетуваат на Герника од Пикасо. Обединетите Нации се доминантно мировен проект, а Њујорк е местото каде што треба да се решаваат проблемите. ЕУ исто така настана како мировен проект, генерално. Затоа, значи мора на мирен начин да ги решаваме проблемите, во спротивно нема невин. Не се виновни само оние со чинење, виновни се и оние кои само набљудуваат, а не реагираат.“
AA