ноември 22, 2024

Шефот на турската дипломатија Фидан разговараше со палестинскиот премиер Мустафа

Фидан ја истакна важноста на помирувањето меѓу палестинските фракции и ја изрази поддршката на Туркије за тоа

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со палестинскиот премиер Мухамад Мустафа, при што дискутираа за напорите за постигнување прекин на огнот во Газа, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.

Во текот на разговорот Фидан и Мустафа зборувале за ситуацијата во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег, рекоа изворите, кои побараа да останат анонимни.

Изворите додаваат дека Фидан ја истакнал важноста на помирувањето меѓу палестинските фракции и ја изразил поддршката на Туркије за тоа.

Израел започна воена офанзива во Појасот Газа по нападот на Хамас минатата година, во која досега се убиени речиси 44.000 луѓе, повеќето жени и деца, а повредени се над 104.000.



AA

Read Previous

Граѓаните закажуваат термини, но не се појавуваат на истите – се бара решение

Read Next

Дудуш до Арсовска: Сте слушнале ли за зборот одговорност?