ноември 21, 2024

Сараево завеано со снег

По период на интензивно загадување, снежните врнежи донесоа нешто почист воздух во градот.

Снегот што почна да паѓа во текот на денот во поголемиот дел од Босна и Херцеговина, во вечерните часови го прекри и главниот град Сараево, јавува Анадолу.

Иако предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот во најфреквентниот дел од денот, кога голем број граѓани се враќаат дома од работа, училиште и факултет, првиот снег сезонава донесе идилични глетки на улиците на Сараево.

По период на интензивно загадување, снежните врнежи донесоа нешто почист воздух во градот.

Според прогнозата, утревечер во Сараево се очекуваат нови врнежи.

AA

Read Previous

Промените во здрвството кон квалитетни и навремени услуги започнуваат со грижата за здравствените работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Read Next

Скопје задушено во смог: Аерозагадувањето одзема илјадници животи годишно