ноември 18, 2024

Македонија ги победи и Фарски Острови за триумфален крај во Лигата на Нациите

Македонија победнички го заврши најновиот циклус во Лигата на Нации. Со триумф над Фарски Острови, и во меч во кој по петти пат по ред дојдовме до победа и тоа без примен гол, Македонија со 16 бодови ја заврши групата, и сега ќе чека исход од другите групи за баражот за пласман на идниот Мундијал.

Победата над Фарски Острови беше остварена во уште еден тежок меч. По ист рецепт како и со Летонија, во вториот дел со само еден гол, Македонија ја оствари својата цел – победнички да го финишира ова издание во Лигата на Нации.

Мирен почеток имаше мечот, како што беше против Летонија. Фарски Острови главно се бранеше, а Македонија трпеливо ја чекаше шанса да дојде до погодок. За такво нешто најдобрата можност ја имаше Алими, кој во 39. минута од добра позиција успеа да шутира само покрај голот.

Втроиот дел подобар почеток имаа „фараните“. Супер шанса во 59. минута преку Кнудсен, кој не се снајде пред голот на Димитриевски, се сплетка, па голманот на Македонија му ја „собра“ топката.

Казната стигна само три минути подоцна. Атанасов упати една топка кон Миовски, грешка на одбраната на Фарски кои не расчистија, па Миовски излезе сам пред Рејнатрод, и го совлада за голема  радост на Националната Арена „Тодор Проески“.

Гостите како да „пропаднаа“ после примениот гол, Македонија ја имаше иницијативата, повеќе поседот на топката во своите нозе. Фарски Острови нешто поопасен во финишот од средбата, па токму од тука Милевски се одлучи да ја „стегне“ одбраната со тоа што го внесе Велковски, на местоот на Миовски. На крајот после неколку изведени корнери и слободни удари, Македонија успеа да се одбрани и да ја сочува мрежата за нова, голема победа во Лигата на Нации и дефинитивно најуспешниот настап во ова натпреварување.




TV21

Read Previous

Израелците протестираа пред резиденцијата на Нетанјаху барајќи договор за размена со Палестинците

Read Next

Курти: Не е вистина дека албанскиот јазик е под закана во Северна Македонија