ноември 22, 2024

Пад на индустриското производство од 7,9% – економските политики на Мицкоски се промашени, велат од СДСМ

„Во месец септември оваа година индустриското производство бележи пад од 7,9% во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Падот на индустриското производство е токму во месец кој треба да биде поттик на растот на економијата“, соопшти СДСМ.

„Ова е уште показател дека економские политикити на Мицкоски се промашени.И податоците на Светска банка се аларамнатни, со ДПМНЕ на власт македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, Светска банка очекува да биде само 1,8 отсто.Власта нема мерки за да одговори на потребите на граѓаните за зголемивање на животниот стандард а од друга страна нема ниту развојни политики за економијата.Затоа просечната плата во земјата се намали за 1.000 денари, нема економски раст додека цените продолжуваат да растат.Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема план а се покажува дека нема ниту капацитет за да ја развива економијата на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.





ZOOM

Read Previous

Али Ахмети го прими евроамбасадорот Рокас: Европската Унија е нашата единствена алтернатива 

Read Next

Состанок Вучиќ-Фиала: Чешка го поддржува патот на Србија во Европската Унија