ноември 22, 2024

Али Ахмети го прими евроамбасадорот Рокас: Европската Унија е нашата единствена алтернатива 

 Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Европската Унија, г. Михалис Рокас.

Претседателот Ахмети и амбасадорот Рокас долго разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор, како и за изборите во Северна Македонија. 

 Ахмети го информира амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.

За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус. 

 Во однос на Охридскиот договор, г. Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн. 

Северна Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор. 

 Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија. 

 Г. Ахмети повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.




TV21

Read Previous

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено уште утре да оди на избори, а СДСМ ќе се соочи со поголем пораз

Read Next

Пад на индустриското производство од 7,9% – економските политики на Мицкоски се промашени, велат од СДСМ