ноември 23, 2024

Владата договара нов кредит држава со држава за Коридорот 10 

На вчерашниот брифинг со новинарите, премиерот Христијан Мицкоски откри дека во тек се активности за наоѓање на партнер за финансирање на жечезничката линија од коридорот 10, и со тоа просечната брзина на движење по трасата по Вардарската клисура би била 110 до 120 километри на час.

Мицкоски кажа дека се многу блиску до договор со држава која би го финансирала тој проект, и не сакаше да открие која е таа држава.

„Не е ниту Русија, ниту Кина, ниту Унгарија“, рече Мицкоски.

Кредитот би се отплаќал по 15 до 19 години, но Владата инсистира истиот да биде на подолг период. 

Пред неколку дена министерот за транспорт на Србија, Горан Весиќ изјави дека наскоро ќе биде потпишана изјава помеѓу Унгарија, Србија, Македонија и Грција за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина.

TV21

Read Previous

СДСМ: Обвинителството да го истражи и стажот на директорот на АНБ

Read Next

Мурат: Јазичните права на македонската турска заедница се систематски и сериозно повредуваат