Од вечерва во три часот по полноќ започнува зимското сметање на времето, при што стрелките на часовниците ќе се вратат еден час назад.
Зимското сметање на времето стартува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно ќе се врати летното сметање на времето.
Оваа пракса се применува во мнозинството европски земји, освен во Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година донесе одлука за укинување на сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште не донел конечна одлука.
Сезонското менување на времето, покрај Европа, се применува и во многу земји од Северна и Централна Америка, како и во некои други делови од светот. Напротив, во Јапонија, Кина, Јужна Кореја и во африканските земји, времето не се менува.
TV21