ноември 21, 2024

Земјоделците може да аплицираат за финансиска помош за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари, а крајниот рок за доставување на барањата е 14 ноември.

– Право на користење на средства имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите е минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз, наведуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.



ZOOM

Read Previous

Жител на Мала Речица чувал дома бомби кашикари и се фотографирал со нив

Read Next

Ердоган: Турските одбранбени индустрии остварија рекорден извоз во 178 земји