ноември 21, 2024

Сања Божиновска: Сум побарала бугарски пасош, но не сум изјавила дека се чувствувам како Бугарка

Министерката за енергетика Сања Божиновска се огласи на социјалните мрежи по повод изјавата на Илијана Јотова, која кажа дека лично ги нејзините документи, и таму стои дека изјавува дека има бугарска самосвест.

Божиновска реагира дека тоа го правеле бугарски адвокати, а таа во ниту еден момент не изјавила ека се чувствува како Бугарка.

„Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век.

Ниту еден граѓанин на Македонија нема потпишано изјава дека се чувствува за Бугарин, туку тоа го прават бугарски адвокати кои наплаќаат пари за да посредуваат.

Ниту еден граѓанин на Македонија кој добил бугарско државјанство не се чувствува за Бугарин. Всушност тоа го видовме и на пописот во Македонија со екстремно симболичната бројка на попишани Бугари.

Луѓето, како и јас, побарале бугарски пасош од една и единствена причина, економски потреби за работа надвор од Македонија“, стои во објавата на Божиновска.



TV21

Read Previous

За 10 денари се зголемуваат цените на цигарите во Македонија

Read Next

Филипче-Рокас: Европскиот пат мора да остане приоритет, секое одложување е чекор назад