ноември 22, 2024

За 10 денари се зголемуваат цените на цигарите во Македонија

Од вчера, цигарите произведени од Империал Тобако ТКС АД Скопје, вклучувајќи марки како Родео, Вест, Жаде и Давидоф, се достапни по нова цена, која е повисока за 10 денари.

Очекувањата се дека и цигарите од други производители ќе доживеат покачување на цените во наредните денови.

Овие зголемувања произлегуваат од новиот Закон за акцизи, усвоен во октомври 2023 година, кој предвидува годишни покачувања на цените на цигарите на 1. јануари. Владата планира да собере дополнителни 13 милиони евра годишно од оваа основа.



TV21

Read Previous

МВР со детали за несреќата кај Катланово: Загинати три лица од Велес

Read Next

Сања Божиновска: Сум побарала бугарски пасош, но не сум изјавила дека се чувствувам како Бугарка