ноември 25, 2024

Таравари за укинувањето на Балансерот: Проблеми кои што седат во Уставен суд со години

Со нов закон ќе се гарантира етничка, полова и застапеност во институциите на сите категории луѓе што живеат во државата, рече денес министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашното укинување на балансерот за вработување во јавните институции. Тој нагласи дека Уставниот суд одлучил на површина да извади проблеми кои стојат со години во судот во првите сто дена од Владата, но уверува дека и по укинувањето на балансерот, етничката застапеност е проблем што лесно може да се реши.

„Многу едноставно ќе се најде механизам, кога етничката припадност е уставна категорија, ни треба нов закон. Со законот ќе се предвидат не само етничката туку и половата и секаква еднаквост во институциите на системот. Законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења кои доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија и се надевам набргу ќе го процесуираме овој закон во парламентот“, рече министерот Таравари.

Уставниот суд вчера го укина балансерот за вработувања и забрани во огласите за вработување да стои етничката припадност. Доцна синоќа на прес-конференција пред Уставниот суд ДУИ оцени дека одлуката на судиите е тежок удар врз Уставот, врз Охридскиот мировен договор и врз мултиетничката стабилност на државата. ДУИ ги повика сите надлежни институции и меѓународната заедница веднаш да реагираат и ги осигураат граѓаните дека правичната застапеност ќе биде непроменета.




ZOOM

Read Previous

СДСМ бара оставка од Сања Божиновска по серијата скандали

Read Next

Претседателот Ердоган се сретна со албанскиот претседател Бегај