На церемонијата за пречек во претседателскиот Кабинет, по интонирањето на националните химни на двете земји, Ердоган и Бегај ја поздравија почесната гарда и меѓусебно ги претставија своите делегации
Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со албанскиот претседател Бајрам Бегај, известува Анадолу.
На церемонијата за пречек во претседателскиот Кабинет, по интонирањето на националните химни на двете земји, Ердоган и Бегај ја поздравија почесната гарда и меѓусебно ги претставија своите делегации.
По церемонијата, Ердоган и Бегај преминаа на тет-а-тет средба и меѓуделегациска средба.
На средбата, којашто се одржува зад затворени врати, учествуваат и министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, министерот за млади и спорт, Осман Ашкин Бак, министерот за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Каџир, министерот за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, министерот за трговија Омер Болат, министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, директорот за комуникации во Кабинетот на претседателот, Фахретин Алтун, и главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич.
AA