ноември 22, 2024

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Од Демократски сојуз велат дека Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии.

Од Демократски сојуз велат дека Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии.

Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии. Неприфатливо е истиот да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ.

Инаку, Македонија за водството и припадниците на паравоената формација ОНА (УЧК),направи голем број на отстапки, меѓу кои нивна амнестија преку донесување на закон и  вработување на голем дел од припадниците на ОНА, амнестија за водството на ОНА преку автентично толкување на Законот за амнестија од страна на Собранието на Македонија, трансформација на ОНА во политичка партија, а водачите на ОНА станаа лидери на новата партија ДУИ која 20 години беше на власт итн.

Затоа, најостро ги осудуваме најавите на ДУИ, дека ако се усвои законот за обесштетување на тие што го бранеле суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, ќе се дестабилизира Македонија“, велат од партијата.




TV21

Read Previous

Муцунски во Њујорк се сретна со неговите колеги од Литванија и Мароко, во фокусот билатерелната и економската соработка

Read Next

Турскиот министер Фидан оствари средба со својот омански колега Ал Бусаиди