Средбата се одржа за време на посетата од Фидан на Њујорк по повод 79. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, се сретна со министерот за надворешни работи на Оман, Саид Бадр ал-Бусаиди, во Турската куќа во Њујорк, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи на платформата Х, пренесува Анадолу.
Средбата се одржа за време на посетата од Фидан на Њујорк по повод 79. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.
Не се дадени детали за темите за кои е разговарано.
Туркије официјално го призна Оман во 1970 година, кој ја прогласи својата независност истата година, а дипломатските односи меѓу двете земји беа воспоставени во 1973 година.
AA