ноември 23, 2024

Мицкоски: Платите на граѓаните растат, инфлацијата паѓа, очекувам тој тренд да продолжи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кавадарци истакна дека индикаторите во економијата во изминатите неколку месеци се позитивни, и дека очекува платите на граѓаните и натаму да растат.

„Очекувам и понатаму да растат, затоа што првите индикатори во делот на екомонијата се изненадувачки позитивни. Расте БДП, се намалува инфлацијата. И тоа охрабрува. Што се однесува до платите, имаше една теза од поранешната влада на СДСМ и ДУИ, дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ платите нема да растат. Веднаш државниот завод за статистика, не само што ги демантираше, туку испорача две контра тези. Прво видовме дека платите во јули месец продолжија да растат со забрзано темпо. Разликата е што тогаш кога се ограбуваше буџетот, инфлацијата беше двоцифрена, и стигнуваше 20%, па платата која ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана. Платата расте и сега, но инфлацијата е најниска“, изјави Мицкоски.





TV21

Read Previous

Столтенберг доби благодарница и плакета од Северна Македонија

Read Next

Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври