Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, 8 се под контрола и 27 се изгаснати.
Активни пожари има во:
- Општина Македонски Брод 1: Јасен – викенд населба Белица (борова шума);
- Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума);
- Општина Долнени 1: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);
- Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш (ниска вегетација, деградирана шума);
- Општина Кичево 1: с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);
- Општина Кичево 2: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Дупјани (борова и букова шума);
- Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
- Општина Македонски Брод 2: с.Девич м.в.Вртешка (мешана шума);
- Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (мешана шума);
- Општина Чашка: с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума);
- Општина Маврово -Ростуше 1: с.Врбен (мешана шума);
- Општина Маврово – Ростуше 2: врв Кораб (нискостеблеста вегетација) –префрлен од Р.Албанија;
- Општина Долнени 2: с.Небрегово (3 ТППЕ) (нискостеблеста шума) –префрлен од Општина Чашка од планина Мукус;
TV21