ноември 22, 2024

Мицкоски: Ако во Врховен суд има корумпирани судии, може да претпоставите што се случува во другите судови

Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше спогодбите на Обвинителството со судиите Иџет Мемети и со Наќе Георгиев.

„Мене ми е драго што тогаш во Техничката влада МВР спроведе перфектна акција, која покажа дека имаме корумпирани судии во Врховен суд. И ако има такви судии во Врховен, може да претпоставите што се случува надоле во другите судови. Понатаму Иџет Мемети како претседател на Советот за јавни обвинители постигна спогодба со Обвинителството. Тука е јасна спрегата меѓу судстко обвинителсткиот систем, затоа оние тефтерчиња од едно минато се заменија со нови тефтерчиња од Речица и Бихачка. И затоа довербата во судството ни е 2%“, рече Мицкоски.




TV21

Read Previous

Средба на министерот за Мисајловски со командантот на националната гарда на Вермонт, Грегори Најт

Read Next

Низ Македонија 13 активни пожари