Едно лице загина од пожарите што во понеделникот вечерта се проширија во предградијата на Атина во Грција.
Се верува дека телото е на жена која била пронајдена во продавница во Врилисија, северно од Атина, изјави за Би-Би-Си извор од противпожарната служба, пренесува Телеграфи.
Илјадници граѓани се евакуирани откако пожарникарите предупредија дека се загрозени куќи, деловни објекти и училишта од пожарите кои денеска продолжуваат да се шират и во други области.
Портпаролот на пожарникарите, полковник Василиос Ватракогијанис, изјави дека нема активни пожари во североисточниот регион Атика, кој опфаќа делови од Атина.
Повеќе од 700 пожарникари, 199 камиони и 35 авиони се вклучени во гаснењето на пожарите со надеж дека ќе го запрат нивното ширење на околу 35 километри северно од грчката престолнина.
VO CENTAR