Претседателот на Собранието на Северна Македонија и го честиташе изборот на Елиса Спиропали за претседателка на Собранието на Република Албанија, објави АТА.
– Честитки Елиса Спиропали за изборот за претседателка на Собранието на Република Албанија. Во очекување на одлична соработка меѓу нашите две собранија, стои во честитката.
Спиропали вчера доцна попладне беше избрана на оваа функција, по предлог на лидерот на владејачките социјалисти, Еди Рама и потпис на 30 пратеници. Таа на оваа функција доаѓа по оставката на Линдита Никола, која на чело на законодавниот дом беше во изминатите три години.
Спиропали (41) од 2019 година беше на функцијата државен министер за односи со парламентот.