ноември 22, 2024

МВР: Хеликоптерите фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

Полициските хеликоптери денеска фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско, информираат од МВР.

– Одделот за воздухопловни единици на МВР со два хеликоптери од раните утрински часови и во текот на целиот ден дејствуваше на повеќе места каде што имаше пожар и тоа, реоните на општините Старо Нагоричане и Свети Николе. Хеликоптерот Бел 412 во 54 циклуси исфрли над 80 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 исфрли 30 тони вода, соопштија од МВР.

Околу 16 часот и двата хеликоптери се упатиле во селото Стројманци каде што од пожарот биле заробени неколку лица и пожарникари.

– Во најбрз можен рок лицата беа лоцирани и покрај густиот чад и ниската видливост, хеликоптерот Бел 412 дејствуваше на пожарот, додека хеликоптерот Ми 171 извлече 4 лица кои беа заробени во опожарена куќа, а останатите лица беа евакуирани од страна на доброволното противпожарно друштво од Св. Николе со возила, известуваат од полицијата.

Read Previous

Над 2100 електронски пријави за студентски домови пристигнале до МОН

Read Next

СДСМ: Владата неспособна да се справи со пожарите