ноември 22, 2024

Полицијата казни 265 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.07.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 265 возачи.

Од нив 41 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read Previous

Макрон го предупреди Иран да не ја поддржува руската војна против Украина

Read Next

Огнот се заканува да ги зафати првите куќи во Пехчево