ноември 22, 2024

Нема пари за исплата на „Мој ДДВ“ – се чека изгласување на ребалансот на Буџетот

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова порача дека додека не се исгласа ребалансот на Буџетот, нема да има никаква исплата на средствата од мерката „Мој ДДВ“.

Како што вели во интервју за Република, со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата, па затоа неопходно е да има ребаланс.

„Не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот“, вели Петрова.

Инаку, ребалансот на буџетот треба да се изгласа некаде во средината на месец август.

tv21mk

Read Previous

Од вечерва на полноќ ново поскапување на горивата

Read Next

Во Старо Нагоричане активен пожарот во Малотино и Жегљане, во Куманово во атарот на Кокошиње, Кшање и Мургаш