Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 мин до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од
државата, велат од АМСМ.
TV21