октомври 18, 2024

Франција и Португалија во мега-дуел по место во полуфинале

Додека се на теренот, но и надвор од него ќе има полемика околу тоа кој е најголем фудбалер. И секако, секој влече на својата страна, нема да попушта и ќе се обидува да го омаловажи ривалот. Лионел Меси или Кристијано Роналдо – привилегија е (беше) да ве гледаме двајцата. Како и своевремено Пеле и нешто подоцна Диего Армандо Марадона. Кој е најдобар? Малку тоа е и работа на вкусот, стилот кој го преферирате.

Килиан Мбапе никогаш не криел дека Португалецот му е подраг од Аргентинецот. Уште како дете има негови постери во собата и токму во 2016 кога влезе во првиот тим на Монако и започна неговиот вртоглав подем, Кристијано Роналдо стана првак на Европа со Португалија. Репрезентацијата ги победи „триколорите“ со голот на Едер, а тогаш идниот француски суперстар го гледаше идолот како крева пехар. В петок ќе застанат очи в очи во Хамбург.

Фолкспарк стадион, Португалија против Франција, можеби и првиот фаворит за освојувањето на Европското првенство. Битка за полуфинале. Кристијано Роналдо наспроти Килиан Мбапе, што значи: минато, сегашност и иднина – сè на едно место.

Досега ниту едните, ниту другите никој не одушевија. Всушност, од толку ѕвезди успеа тоа да го направи само Диого Кошта. Португалскиот голман во пенал-серијата против Словенија одбрани три шуат од 11 метри, испиша историја на континенталните собири и го спаси Кристијано Роналдо кому во продолженијата пенал му одбрани Јан Облак. Португалците не покажаа којзнае што, уште помалку Французите. Изгледаа подобро од Белгија, но досега беа неубедливи. Два автогола на турнирот, погодок на Килиан Мбапе од пенал. Се заедно е премалку.

Повеќе нема калкулации, време е за најдобрите европски селекции да тргнат на се или ништо. Да го покажатт вистинското лице, да добиеме спектакл и голови. Ги немаше премногу, а време е тоа да се промени.

GOLMK

Read Previous

Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Read Next

Општина Центар доделува субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет