ноември 22, 2024

Честитка од премиерот Мицкоски по повод Денот на независноста на САД 4 Јули

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитки по повод независноста на Соединетите Американски Држави 4 Јули.

-Во името на Владата и во мое лично име, дозволете да упатам најискрени честитки по повод 248-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави. Овој значаен ден ја симболизира борбата за слобода и демократија кои се носечки вредности кои ги споделуваат нашите две нации. Имаме долгогодишно пријателство кое го поттикнува мирот, стабилноста и просперитетот на нашите земји, поширокиот регион и светот, вели Мицкоски во објавата на својот фејсбук профил додавајќи дека на американскиот народ му посакува ден исполнет со радост, гордост и единство.

Ние, потенцира премиерот Мицкоски, продолжуваме да бидеме силно посветени за натамошен развој на оваа плодна соработка и за уште поголемо зајакнување на нашите билатерални врски.

zoom.mk

Read Previous

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Read Next

Судски совет и Совет на јавни обвинители во моментов како да не постојат, потребни се сериозни законски измени, вели Сиљановска Давкова