ноември 22, 2024

До крајот на месецов ќе се знае наследникот на Кацарска, ќе даде осврт за својот мандат

Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска, денеска ќе одржи прес-конференција за да даде осврт на својот тригодишен мандат. Нејзиниот мандат истекува на 2 јуни, до кога треба да се избере нов претседател на судот. Според Деловникот, преку тајно гласање новиот претседател се избира со двотретинско мнозинство од вкупниот број судии.

Покрај Кацарска, судии кои може да ја преземат функцијата се: Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева. Секој од нив може да предложи кандидат за претседател.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.Доколку кандидатот не добие доволно гласови, изборот се повторува.

Претседателот на Уставниот суд ги претставува судот, ги потпишува одлуките и другите акти, и се грижи за спроведување на Деловникот. Во негово отсуство, замената се врши според азбучниот ред на презимињата на судиите, кој е утврден од Уставниот суд. Мандатот трае три години, без право на реизбор.

Read Previous

Дете прегазено во училишен двор во Валандово

Read Next

Народната банка го усвои Стратегискиот план за периодот 2025 – 2027