Малолетник со мотор во дворот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Валандово удрил во друго дете на 7- годишна возраст кое се здобило со тешки телесни повреди.
Детето со итна помош прво било однесено во Здравствениот дом во Валандово, а откако му биле утврдени сериозни повредени било префрлено во општата болница во Гевгелија, а оттаму на крајот е донесено во Градската болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.