септември 8, 2024

До смрт претепан братот на вицепремиерот на владата на Федерацијата БиХ

Ѓорѓе Мијатовиќ (37), брат на потпретседателот на владата на Федерацијата БиХ и министер за развој и претприемништво Војин Мијатовиќ, починал вчера во Белград откако бил претепан од двајца хулигани во детскиот парк во Вождовац, потврди министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесува „Н1“.

„Синоќа околу 18-19 часот полицијата добила повик дека имало тепачка, отишле на адресата во општина Вождовац, го пронашле повредениот со сопругата. Го однесоа во Ургентен и таму почина“, изјавил Дачиќ за ТВ Блиц.

Дачиќ нагласи дека се утврдува дали починал како последица на физичкиот напад.

„Обдукцијата ќе потврди, лекарите велат дека имал и некои епилептични напади“, рече тој.

Како што пренесува Телеграф.рс, до инцидентот дошло кога синот на Мијатовиќ се пожалил дека на игралиштето двајца мажи му ја украле топката. Мијатовиќ, според изјавите на сопругата, отишол да ја земе топката, а по кратка дискусија младите го нападнале и го претепале.

Read Previous

Регистриран земјотрес во Македонија, еве каде е епицентарот

Read Next

Денеска Африм Гаши ќе биде избран за претседател на Собранието, новите пратеници влегуваат во законодавниот дом