ноември 21, 2024

Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ за коалицирање во новата влада вчера ја одржаа првата средба, а според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаат обезбедено 61 пратеник.

Во меѓувреме, техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција обвини дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори и оти на тој начин се врши изборен инженеринг за менување на соодносот на силите во Собранието, порачувајќи дека се е во рацете на Управниот суд, каде треба да се одлучува по жалбите на ваквите решенија.

Read Previous

По конфликтот во поранешна Југославија над 11.000 лица сѐ уште не се пронајдени

Read Next

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков неповреден во судар на две возила, едно лице загина, а две се повредени