epa11331666 Emergency services arrive the site of an accident after a passenger train and a locomotive collided, in Buenos Aires, Argentina, 10 May 2024. At least 60 people were injured after a passenger train collided with a parked locomotive in Buenos Aires, Chief of Government of Buenos Aires Jorge Macri said in a statement. EPA-EFE/LUCIANO GONZALEZ
Најмалку 90 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија денес локалните власти.
Возот вчера се движел од Буенос Аирес кон северните предградија кога излетал од шините околу 10:30 часот на мост во населбата Палермо, соопштија безбедносните претставници, пренесе АП. Во судирот оштетен е првиот вагон на патничкиот воз.
На лице место им била укажана помош на десетици повредени, а 30 лица се префрлени во болници во средна и тешка состојба, додека најмалку двајца со хеликоптер се префрлени со траума на градниот кош и скршеници на коските.
Иако сè уште не е познато зошто празниот вагон бил на мостот, аргентинскиот железнички синдикат соопшти дека од железницата е украден неколку метри бакарен кабел што се користи за пренос на електрична енергија по пругата, што го оневозможува сигналниот систем наменет да спречи такви несреќи. Обвинителите соопштија дека започнале истрага.
Претставници на управата на аргентинската железница Тренес Аргентинос изјавија дека сообраќајот на популарната железничка линија е прекинат. Лидерите на синдикатот кои жестоко се спротивставија на економското штедење на либералниот претседател Хавиер Мајли ја обвинија владата за неуспехот да инвестира во јавната инфраструктура.
Судирот доведе до зголемена контрола на безбедноста на железницата во Аргентина, каде што повеќе од 50 луѓе загинаа, а стотици беа повредени во серија железнички несреќи помеѓу 2012 и 2014 година.