ноември 21, 2024

Грчките новинари штрајкуваат за да привлечат внимание на зголемените трошоци за живот

Новинарите во Грција за денеска најавија 24-часовен штрајк во знак на протест поради зголемените трошоци за живот и релативно ниските плати, јави ДПА. Новинарските синдикати најавија дека штрајкот е знак на протест против одбивањето на работодавачите да потпишуваат колективни договори за работа во приватните медиуми, против ниските плати и заканите за плурализмот, додава „Катимерини“.

На грчките радио и телевизиски канали денеска нема да има вести, а онлајн медиумите не ги ажурираат своите страници. Во среда нема да излегуваат весници поради штрајкот.

„Имаме серија последователни експлозивни зголемувања на цените што создаваат катастрофална ситуација за семејствата чии приходи се уништени“, соопшти најголемото грчко новинарско здружение.

Инфлацијата во Грција во март била 3,2 отсто, забележува ДПА. Атинскиот неделен весник „Вима“ пресметал дека во моментов во Грција луѓето плаќаат по 50 евра за производи кои пред две години чинеле 37 евра.

Read Previous

Нов состанок на израелскиот воен кабинет

Read Next

Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија