Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ја посети новоотворената библиотека „13 ноември”, која функционира во рамките на библиотеката „Браќа Миладиновци”. Тој вели дека неговата цел е повторно просторот во кој е сместена библиотекатата да се направи центар на културниот живот во општина Кисела Вода.
„Со богат библиотечен фонд од околу 8000 наслови, тука вклучувајќи лектирни изданија, стручната литература и светската популарна белетристика која постојано ќе се надополнува со нови наслови, за да ги задоволиме потребите и интересите на сите наши читатели.
Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу детска литература, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години.
Дополнително, овој простор ќе биде искористен за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители“ напиша Ѓорѓиевски