ноември 22, 2024

Нов напад во Сиднеј: Свештеник избоден со нож во текот на служба, повредени најмалку четири лица

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во западниот дел на Сиднеј.

Нападот се случил во црквата „Христос Добриот Пастир“ во Вејкли, додека свештеник водел богослужба, која била емитувана на интернет.

На местото на настанот излегле неколку екипи на полицијата и итната помош.

Меѓу повредените има четворица мажи, за кои се претпоставува дека се на возраст од 60, 50, 30 и 20 години. Меѓу ранетите е и свештеникот.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот му приоѓа на свештеникот и го прободува со нож, јавуваат австралиските медиуми. Снимката не е верификувана, а полицијата не потврдила дека се случил овој инцидент.

Read Previous

Германска воена помош за Косово

Read Next

Северна Македонија се приклучи како коспонзор на Резолуцијата за Сребреница