Несреќата се случила кога возачот бегајќи од полицијата ja зaгубил контрола над возилото и излетал од патот, паѓајќи во провалија длабока 100 метри. Возилото паднало во реката Вјоса.
Осум лица загинаа во сообраќајна несреќа во јужниот дел на Албанија, меѓу кои се седуммина мигранти и возачот, соопштија денеска локалните власти, јавува Анадолу.
Несреќата се случила кога возачот бегајќи од полицијата ja зaгубил контрола над возилото и излетал од патот, паѓајќи во провалија длабока 100 метри. Возилото паднало во реката Вјоса.
Несреќата се случила во раните утрински часови во близина на градот Пермет во јужниот дел на Албанија, на само неколку километри од границата со Грција.
Полицијата се обидела да го запре возилото, но возачот избегнал. Возачот потоа со возилото излетал од патот и паднал во провалија длабока 100 метри, во реката Вјоса.
Според информациите на полицијата, патниците во возилото претходно ја преминале границата меѓу Грција и Албанија. Возачот бил албански државјанин.
Албанија е дел од балканската миграциска рута. Според податоците на европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс, од јануари до октомври минатата година преку оваа рута поминале речиси 100.000 мигранти.