– Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денес вети дека Израел „ќе биде казнет“ за нападот врз иранскиот Конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој беа убиени седум воени офицери.
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денес вети дека Израел „ќе биде казнет“ за нападот врз иранскиот Конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој беа убиени седум воени офицери, јавува Анадолу.
Хамнеи изјави дека „злобниот режим“ ќе биде „казнет од нивниот храбар народ“, додавајќи дека иранската војска ќе го натера Израел да „зажали за своите злосторства“.
Иранската револуционерна гарда вчера објави дека во „израелски напад“ врз нејзината дипломатска мисија во Дамаск загинале седум лица, вклучително и двајца генерали.
Хамнеи им оддаде почит на генералите, велејќи дека тагата поради нивното убиство е „тешка за иранската нација, особено за оние кои ги познаваат“.
Амбасадорот на Иран во Сирија, Хосеин Акбари, за новинарите по нападот изјави дека зградата на конзуларните работи била нападната од воени авиони Ф-35 и шест проектили, обвинувајќи го Израел.
Меѓутоа, израелското воено радио објави дека иранскиот Конзулат не бил цел на нападот, туку блиската зграда која служи како воен штаб на ИРГЦ во Дамаск, без да преземе одговорност.
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси претходно денес предупреди дека „нападот на Израел“ врз зградата на Конзулатот на неговата земја во Дамаск нема да остане без одговор.