ноември 21, 2024

Во израелските напади врз Појасот Газа во 178 дена убиени се 32.845 Палестинци

Ашраф ал Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа информираше дека во последните 24 часа се убиени уште 63 Палестинци, а 94 се ранети.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година загинаа 32.845 Палестинци, јавува Анадолу.

Ашраф ал Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа, даде информации за израелските напади врз Појасот Газа кои траат веќе 178 дена.

Кудра изјави дека во последните 24 часа се убиени уште 63 Палестинци, а 94 се ранети.

Тој потврди дека бројот на загинатите во Појасот Газа се искачил на 32.845, а ранети се 75.392 лица.

Портпаролот на Министерството за здравство нагласи дека под урнатините и покрај патот има уште мртви тела, но поради пречките на израелските сили, медицинските тимови и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата.

Read Previous

15 години од влезот на Хрватска и Албанија во НАТО

Read Next

Албанија: Седум мигранти и возач загинаа во сообраќајна несреќа бегајќи од полицијата