ноември 21, 2024

15 години од влезот на Хрватска и Албанија во НАТО

Влезот на овие две држави беше шесто проширување на Алијансата од нејзиното основање.

Пред 15 години на денешен ден Хрватска и Албанија беа примени во НАТО како 28и 29 членка на Алијансата.

Како што јавуваат хрватските медиуми, според последниот извештај на НАТО објавен кон средината на март, Хрватска е меѓу членките на Алијансата кои се уште не го достигнале зацртаниот износ од два отсто од БДП за одбрана. Според проценката за минатата година, на тоа потрошила 1,75 отсто од БДП.

Според извештаите, Хрватска била најблиску до целта од два отсто во 2021 година, кога е платена најголемата транша за купување на борбени авиони Рафал – 1,97 отсто од БДП. Следно, во 2022 година се намалува на 1,79 отсто.

Во 2014 година Хрватска издвоила 210 американски долари по глава на жител за одбрана (по цени од 2015 година), а во 2023 година се проценува дека тоа ќе достигне 291 долар. Во однос на структурата на трошоците за одбрана, Хрватска го исполнува критериумот најмалку 20 отсто од буџетот за одбраната да биде наменет за опрема. Според проценката за 2023 година, Хрватска одвоила 23,9 отсто од буџетот за одбрана за набавка на опрема.

Според последното истражување на јавното мислење спроведено од НАТО во последните два месеци од минатата година, огромното мнозинство хрватски граѓани, 72 отсто, би гласале за останување во НАТО доколку се одржи референдум.

Влезот на Хрватска и Албанија беше шесто проширување на НАТО од неговото основање. Првото проширување се случи во 1952 година кога Туркије и Грција се приклучија на Алијансата. Три години подоцна, во 1955 година, Сојузна Република Германија влезе во НАТО, а во 1982 година и Шпанија.

По влезот на Хрватска и Албанија, Црна Гора се приклучува на НАТО во 2017 година, Северна Македонија во 2020 година, Финска во 2023 година и Шведска оваа година.

Read Previous

Од вечерва на полноќ нови цени на горивата, дизелот поевтинува, бензинот поскапува!

Read Next

Во израелските напади врз Појасот Газа во 178 дена убиени се 32.845 Палестинци