април 27, 2024

СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС НА АВТОПАТ КАЈ ЛАЈПЦИГ, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА МРТВИ

Најмалку петмина луѓе загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг, а има и доста повредени. Автобус на компанијата „Фликсбус“ свртел надесно на прометен автопат пред да се преврти на бок.

Автобусот со двајца возачи и 53 патници тргнал од Берлин и преку Нирнберг требало да оди за Цирих, рекоа од компанијата. До моментот на несреќата бил во движење два часа.

„Точните околности на несреќата засега не се познати“, кажаа од „Фликсбус“, која организира автобуски превоз низ Европа и пошироко.

Голем број амбулантни возила се на местото на несреќата, а на локалните болници им било кажано да се подготват за итна ситуација.

Read Previous

Избори во Белград на 2 јуни

Read Next

Двајца приведени за убиството на лекарот од Железара, се вршат претреси