ноември 22, 2024

Речиси 150 лица поврзани со ИД се уапсени во Турција

Турските власти уапсија 147 лица под сомнение дека се поврзани со Исламската држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој во објава на платформата „Х“ наведе дека полицијата уапсила осомничени во истовремени операции во повеќе од 30 турски провинции.

Јерликаја додаде дека осомничените биле активни во рамките на Исламската држава, дека учествувале во вооружени конфликти со членовите на таа група и дека помагале во нејзиното финансирање.

Read Previous

Москва идентификуваше уште еден осомничен за терористичкиот напад: Побаран притвор

Read Next

Коалиција Вреди: Гледајќи го поразот, Ахмети бара спас од лицата на американската црна листа