ноември 22, 2024

Џафери: Современите наставни методи клучни за високо квалитетни кадри

Техничкиот премиер Талат Џафери, денеска го посети Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

На средбата со раководството на Универзитетот, научниот и стручниот кадар, Џафери, беше информиран за функционирањето и тековните активности што се реализираат во оваа високообразовна установа.

Универзитетот е составен од седум факултети, покрива вкупно 65 области во додипломски, постдипломски и докторски студии, информираат денеска од владината прес-служба.

Тој изразил задоволство од опстојувањето и функционирањето на Универзитетот истакнувајќи дека, вакви напредно високообразовни институции се од голема важност за исклучителните достигнувања на студентите во натамошниот нивен професионален развој.

За време на средбата, разговараа и за предизвиците во високото образование во земјата, неопходните реформи и системски решенија, кои треба да се спроведат во образованието, како едни од основните предуслови за продуцирање квалитетен кадар, при што, премиерот посочи дека Владата, секогаш имала и ќе има слух за потребите на образовните установи во кои се гради иднината на земјата.

 Претседателот на Владата, Џафери, изврши обиколка на кампусот и го посети Факултетот за дентална медицина, акушерство и медицински сестри, каде годинава е направена најголемата инвестиција за дентална медицина од страна на Универзитетот, се вели во соопштението од Владата.

  Од Владата додаваат дека во рамки на Факултетот е основана и ПЗУ „ИБУ ДЕНТ“ и премиерот Џафери, бил информиран за условите и медицинските услуги кои што се овозможени овде.

Од голема важност е, како што додаваат од Владата, современата опрема со која е опремена ординацијата, како и експертизата која ја нуди оваа установа во состав на Факултетот, со што на студентите им се овозможува пракса во реални услови.

Read Previous

Словенија го прогласи рускиот дипломат за персона нон грата и побара да си замине во рок од седум дена

Read Next

Терористички напад во концертна сала во Москва