мај 1, 2024

Терористички напад во концертна сала во Москва

Најмалку три маскирани лица отвориле оган во концертната сала Крокус Сити Хол во северозападниот дел на Москва, при што има ранети, пренесе Н1 повикувајќи се на РИА Новости.

Руските и светските медиуми јавуваат дека има повредени, и можеби загинати луѓе.

Според дописникот на РИА Новости, напаѓачите потоа фрлиле граната или запалива бомба, што предизвикало пожар.

Во зградата избувнал пожар.

Според објави на социјалните медиуми кровот на салата почнал да паѓа од пожарот.

Read Previous

Џафери: Современите наставни методи клучни за високо квалитетни кадри

Read Next

Пукање во концертна сала во Мосва, најмалку десетина луѓе се убиени, а многу повеќе се ранети