декември 3, 2024

Лидерите на ЕУ го поддржаа отворањето на преговорите со БиХ во пресрет на седницата на Европскиот совет

Лидерите на Австрија, Германија, Шпанија, Луксембург и Ирска го поддржаа отворањето на преговорите со Босна и Херцеговина во пресрет на седницата на Европскиот совет во Брисел.

Лидерите на Австрија, Германија, Шпанија, Луксембург и Ирска го поддржаа отворањето на преговорите со Босна и Херцеговина во пресрет на седницата на Европскиот совет во Брисел, јавува Анадолу.

Во пресрет на Самитот во Брисел, германскиот канцелар Олаф Шолц го изрази своето задоволство што Европската Унија напредува во процесот на проширување и дека идни чекори можат да и бидат понудени на Босна и Херцеговина.

„Добра пораката дека напредуваме во процесот на проширување. Во секој случај, јас сум многу за тоа. По многуте напори што беа направени во Босна и Херцеговина, сега треба и ние да ги преземеме следните чекори за оваа земја, како што тоа веќе им го овозможивме на многу други“, рече Шолц.

Премиерот на Луксембург, Лук Фриден, изјави дека го поддржува отворањето на преговорите со Босна и Херцеговина и дека тоа е многу важно.

„Одлуката за отворање на преговорите со Босна и Херцеговина е многу важна. Европа е континент на мир и стабилност и мора да бидеме сигурни дека нема да изгубиме луѓе од Западен Балкан. Ја поддржувам одлуката на Европската комисија да ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина“, рече Фриден.

Тој нагласи дека Брисел не мора да се фокусира само на Украина туку мора да погледне што се случува на Западен Балкан.

„Овие луѓе со години чекаат да се приклучат. Преговорите им даваат надеж. Тоа е елемент што ги поттикнува реформите во сите земји. На среден рок сите земји од Западен Балкан ѝ припаѓаат на Европската Унија“, рече премиерот.

Министерот на Луксембург додаде дека тоа ќе биде долг процес, но тие луѓе „не смее да се остават сами и да се фокусираат само на Украина“.

Премиерот на Ирска, Лео Вардакар, рече дека верува оти Босна и Херцеговина треба да биде дел од ЕУ и оти се надева дека оваа земја успешно ќе го направи следниот чекор. Тој смета дека пристапот ќе биде тежок за Босна и Херцеговина поради домашните власти.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, изјави дека ставот на неговата земја е јасен и дека ја поддржува политиката на проширување.

„На Босна и Херцеговина ѝ се потребни таа поддршка, солидарност и емпатија за да може да напредува во реформите што ѝ дозволуваат да влезе во Европската Унија заедно со другите – Грузија, Украина и Молдавија, како и сите земји од Западен Балкан“, рече Санчез, наведувајќи дека тоа е важно за Шпанија од геополитички аспект, но и од аспект на зајакнување на единствен и заеднички европски проект.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ги пофали напорите на Босна и Херцеговина и рече дека таа конечно се движи во вистинската насока.

Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет, кои ги објави весникот „Политико“, се наведува дека Европскиот совет повикува на отворање на преговорите со БиХ, но со напомена дека преговарачката рамка треба да се усвои дури откако ќе се спроведат сите релевантни чекори од препораката на Европската комисија. Станува збор за 14 приоритети што првично беа услов за отворање на преговорите.

Read Previous

Косово и Србија до 22 март ќе дадат предлози за динарот

Read Next

Лидерите на ЕУ го поддржаа отворањето на преговорите со БиХ во пресрет на седницата на Европскиот совет