„Истакнувајќи дека односите меѓу Туркије и Косово напредуваат, претседателот Ердоган нагласи дека борбата против структурите на ФЕТО на Косово е суштинска и дека мора да се постигне напредок во овој поглед“.
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, денес во Анталија разговараа за нападите на Израел врз Газа, билатералните односи, како и за глобалните и регионалните прашања, јавува Анадолу.
„Претседателот Ердоган истакна дека за да се поправи хуманитарната ситуација во Газа, која е влошена поради нападите на Израел, конфликтот мора да заврши што е можно побргу, хуманитарната помош мора да се достави до регионот на посакуваното ниво, а меѓународната заедница мора да преземе убедливи чекори“, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство преку платформата Х.
Двајцата претседатели, кои се сретнаа на маргините на Дипломатрскиот форум во Анталија, разговараа и за борбата против тероризмот.
„Истакнувајќи дека односите меѓу Туркије и Косово напредуваат, претседателот Ердоган нагласи дека борбата против структурите на ФЕТО на Косово е суштинска и дека мора да се постигне напредок во овој поглед“, додаде Директоратот.
Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за пуч во Туркије на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтирање на свои припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.