ноември 23, 2024

Министерство за здравство: Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија!

Министерството за здравство преку соопштение реагираше на тврдењата на Сојузот на здруженија на дијабетичари, дека повторно се случува недостиг на инсулинска терапија. Според министерството за здравство, сите пациенти ја добиваат редовната инсулинска терапија.

Во продолжение соопштението на МЗ во целост.

Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.

Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика.

Потенцираме, сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија.

Read Previous

Пратениците ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија

Read Next

Ковачевски: Ќе биде светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне