ноември 24, 2024

Субвенциите за струја нема да се укинат: Владата ги субвенционира сметките за електрична енергија до 90%

Нема да се укинат субвенциите на струја од 1 јули. Ова денеска го потврди вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи.

Како што изјави, до 30 јуни оваа година има одлука за субвенција на струјата, но доколку следната влада биде предводена од СДСМ, субвенциите ќе останат.

-Има одлука за субвенционирање на електрична енергија до 30-ти јуни оваа година, а секако следната влада која ќе биде предводена од СДСМ е спремна да направи одлуки во корист на граѓаните, а таква е и за субвенционирање на струјата.

– Ако дојде друга влада, прашајте ги нив – истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.

Битиќи додаде дека не е заглавен изборот за универзален снабдувач со електрична енергија и дека Комисијата за евалуација работи секојдневно на тоа.

Владата ги субвенционира сметките за струја до 90%

Со мерките кои ги презеде владата, обезбедени беа средства за субвенционирање на цената на струјата за граѓаните и малите потрошувачи.

За над 600 илјади семејства во државата Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата и тоа до 90%.

Субвенционирана струја имаат и 68.000 мали потрошувачи во кои се вработени 98% од работниците во приватниот сектор.

Евтината тарифа – дополнителна придобивка за граѓаните

Дополнителна придобивка за граѓаните е враќањето на евтината тарифа за електрична енергија за домаќинствата, секој ден од 13 до 15 часот.

Домаќинствата имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во неделите.

Превземено од центар.мк

Read Previous

Стапија во сила измените на Законот за воздухопловство, промени кај оперативата при воздухопловни несреќи

Read Next

Од денеска автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка и назад