ноември 23, 2024

Македонците се повеќе користат картички и плаќање преку телефон, отколку кеш!

Нагорен тренд на дигиталните плаќања во третиот квартал од минатата година, бележи Народната банка. Ваквиот тренд е особено забележлив кај граѓаните кои ги користат и платежните картички и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни налози.

Според податоците на централната банка, годишниот раст на употребата на платежни картички за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги од страна на граѓаните во третиот квартал во споредба со истиот период 2022 година изнесува 12,8 проценти кај бројот и 10 проценти кај вредноста на овие трансакции.

– Притоа, значителен годишен раст од 15,1 процент е забележан кај употребата на картичките за плаќање производи и услуги во земјата,  којшто пред сѐ се должи на посилниот раст на плаќањата на физичките места на продажба од 15,9 проценти, но и солиден раст од 9 проценти на плаќањата на виртуелните (интернет) продажни места, се посочува во соопштението од Народната банка.

Плаќањата на граѓаните со т.н. платни налози во истиот период бележи годишен раст од 9,3 проценти кај вредноста и пет проценти кај бројот на остварени трансакции. Имено, бројот на електронски иницираните платни налози во третиот квартал од 2023 година бележи годишен раст од 16,1 процент, што е повеќе за 10,8 п.п. од годишниот раст во третиот квартал од 2022 година (5,3 проценти). Во споредба со истиот период од 2022 година, се забележува позитивен нагорен тренд особено кај употребата на апликациите на мобилните телефони, или годишен раст од 19,5 проценти, како и кај употребата на компјутерите за извршување на плаќањата (11,8 проценти).

Read Previous

Цените на становите во Скопје со раст од седум проценти во четвртиот квартал лани

Read Next

Светска банка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, а во 2025 од 2,9