ноември 24, 2024

Во тек огласот за вработување на 18 лекари и помошно-технички персонал во штипската Клиничка болница

Клиничка болница-Штип доби согласност за вработување на 18 лица. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека огласот е во тек, се очекува и наредната недела да се изврши изборот.

-Добивме согласност за вработување на пет доктори, пет болничари, пет хигиеничари и по еден водоинсталатер, парноложач и електричар. Значи се вкупно 18 нови вработувања, во тек се огласите и очекувам почетокот на наредната недела да го извршиме изборот, вели Ѓеорѓијев за МИА.

Посочи дека оваа година е втор оглас за вработување во штипската Клиничка болница. Проблемот со недостаток на кадар во болницата останува, на почетокот на годината во оваа болница нестасуваа над сто вработени, лекари, медицински сестри и технички кадар.

-Со тек на времето како поминува се зголемува, ние секој месец имаме луѓе коишто заминуваат во пензија. Така да бројката се зголемува, сега успеавме некако да го ублажиме тој недостаток и се надеваме дека другата година ќе добиеме повеќе вработувања, па ќе може да се стабилизираме, изјави Ѓеорѓијев.

Забележа дека медицински сестри и помошен технички персонал недостасуваат на сите одделенија, а  лекарски кадар на одделенијата за анестезиологија, ортопедија и очно. Ѓеорѓијев истакна дека очекуваат од Фондот за здравствено осигурување да им се одобри и буџетот за 2024 година, а годинава имаат побарано буџетот на Клиничка болница-Штип да изнесува околу 690 милиони денари.

Read Previous

Продолжува штрајкот на синдикатот на ДИЦ, нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници

Read Next

(ФОТО) Струмица со 20 метарска новогодишна елка и ѕвездено небо