ноември 23, 2024

Полска ќе ги добие суспендираните средства од ЕУ

Полската влада во заминување објави дека Брисел ја одобрил првата исплата на средства за закрепнување на Полска, што претходно беше суспендирана поради прекршување на владеењето на правото во земјата.

„ЕК во вторникот даде позитивно мислење за ревидираниот фонд за закрепнување. Полска наскоро ќе добие 20 отсто од оваа сума во форма на аванс, односно повеќе од пет милијарди евра“, се наведува во соопштението на полското Министерство за регионална политика.

Одлуката ја објавија популистичките националисти од партијата Право и правда (ПиС), кои долго време не се согласуваа со Брисел за контроверзната реформа на правосудниот систем.

Read Previous

Во Кавадарци бесплатниот превоз за пензионери ќе стартува од јануари

Read Next

Израелската влада го одобри Договорот за примирје, го поздравија САД, ЕУ, а еве што содржи!